Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2020

Месечен хороскоп – АПРИЛ, 2020

Пред нас е месец на предизвици, но со помош на Сонцето во овен, ќе успеваме да ги надминеме.

Марс, планетата на енергијата, цел месец ќе го помине во водолија, зголемувајќи го нашиот копнеж за дружби. Кој вели дека не можете да се забавувате со пријателите на дистанца? Искористете ја технологијата за да се поврзете и за да се смеете додека стомакот не ве заболи.

Последните дестина дена од месецот ќе ни ја разбудат амбициозноста и иако ќе имаме препреки на нашиот пат, ќе успеваме да ги надминеме и да останеме продуктивни. Патувањето на Сонцето во бик ќе нè потсетува дека за нас не постојат невозможни мисии и дека можеме да постигнеме сè што ќе посакаме.

Сепак, за да не претеруваме со нашите цели и да не се залетуваме по најголемиот залак ќе ни помогне ретроградното движење на Плутон во јарец, кое ќе започне на 25 април и ќе трае пет месеци. Планетата на трансформацијата ќе нè натера да бидеме понежни кон себе и да не се форсираме кога гледаме дека имаме препреки на патот. Понекогаш подобро е почекаме отколку да удираме со главата во ѕидот и да се разочараме.

ОВНИТЕ и БИКОВИТЕ ќе бидат најсреќни месецов.

Датум Случување
3 априлВенера влегува во близнаци
8 април☽ Настапува полна месечина во вага
11 априлМеркур влегува во овен
19 априлСонцето влегува во бик
23 април☽ Настапува млада месечина во бик
25 априлПлутон преминува во ретроградно движење во јарец
27 априлМеркур влегува во бик

Табела: најважните датуми за месец април и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.