• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – АВГУСТ, 2018

1 август 2018, 09:15
  • cподели

Август ќе ни донесе огромна самодоверба и ќе нè поттикне да го покажеме нашиот карактер во полн сјај пред светот. Сонцето во првите три недели ќе патува низ експресивниот лав, зголемувајќи ни ја смелоста. Имаме дозвола да правиме храбри чекори!

Венера ќе ја засили романтиката во нашите животи, зачестувајќи ги моментите кои ќе ни разлетуваат пеперутки во стомакот и ќе ни ја придвижуваат страста низ телото.

Марс речиси во текот на целиот месец ќе се движи ретроградно, што значи дека ќе бидеме полетаргични од обично и веројатно пораздразливи. Препорачливо е да „вежбаме“ трпеливост во периодот до 27 август кога Марс ќе се врати во директно движење.

Со оглед на тоа што Меркур до 19 август ќе се движи ретроградно, можно е да чувствуваме конфузност и да бидеме расеани. Чувајте ги подобро важните документи и податоци. Доколку планирате патување, подготвувајте се со поголемо внимание и по двапати проверувајте дали сте ги зеле најважните работи со себе.

Август ќе биде најповолен за ЛАВОВИТЕ, но и ДЕВИЦИТЕ ќе ги почувствуваат на своја кожа позитивните промени во движењето на небесните тела.

Датум Случување
7 август♀ Венера влегува во вага
7 август♅ Уран преминува во ретроградно движење во бик
11 август☽ Настапува млада месечина во лав (парцијално затемнување на Сонцето)
13 август♂ Марс со ретроградно движење влегува во јарец
19 август☿ Меркур преминува во директно движење во лав
23 август☉ Сонцето влегува во девица
26 август☽ Настапува полна месечина во риби
27 август♂ Марс преминува во директно движење во јарец

Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Адвентски календари од dm

    Празнична магија со адвентските календари од dm – совршениот подарок за секого!

    Fri, 12/12/2025 - 14:35
  • „Ѕид на љубезноста“: Улични „катчиња“ во Шведска за топла облека за оние кои не можат да си дозволат

    Fri, 12/12/2025 - 14:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.