Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » Во што сè жените се подобри од мажите?

Во што сè жените се подобри од мажите?

Инспирирани од многуте истражувања, а поттикнати од новата книга „Man Down“ на Ден Абрамс, решивме да собереме на едно место што повеќе информации за работите кои жените ги прават подобро од мажите. Верувале или не, се прават илјадници истражувања на тема мажи vs. жени. Еве ги резултатите од најпопуларните од нив, а кои ги покажуваат жените како претставнички на супериорниот пол:

Жените подобро се справуваат со раскинувањето и лошите моменти во врската

Се смета дека по раскинувањето жените седат дома и јадат сладолед плачејќи, а мажите веднаш трчаат да излезат и да се забавуваат. Но, вистината е дека жените подобро се справуваат со раскинувањето и лошите моменти во врската. Зошто? Затоа што жените имаат повеќе луѓе со кои можат да разговараат и од кои добиваат поддршка. Мажите од своја страна само ги „голтаат“ фрустрациите и ги чуваат чувствата во себе, а тоа влијае негативно на нивната самодоверба и емотивна состојба.

Мажи vs. жени

Жените поднесуваат повеќе болка

Сигурно веднаш помислувате на депилација, породување... Истражувачите сметаат дека жените почесто се соочуваат со болка и чувствуваат поголеми болки во текот на нивниот живот, па токму поради тоа можат подобро да ја поднесуваат болката. Истражување во кое учествувале воени лица покажало дека женските војници поретко пријавувале дека чувствуваат болка во споредба со војниците од посилниот пол. Еден од доказите доаѓа од емисијата MythBusters. Во една од епизодите, учесниците требало да ги држат рацете потопени во преладна вода. Жените издржале за 19% подолго од мажите.

Жените се подобри полицајци и шпиони

Истражувањата покажале дека жените полицајци се подоверливи, помалку корумпирани и поретко употребуваат физичка сила во споредба со полицајците од машки пол. Токму поради тоа, жените подобро се справуваат со насилни ситуации. Во рамките на друго истражување, маж кој се претставувал како привлечна жена контактирал онлајн со машки и женски шпиони со цел да извлече од нив што повеќе информации. Резултатите покажале дека мажите шпиони издаваат доверливи информации полесно од жените.

Жените се подобри коцкари

Да, жените поретко се коцкаат од мажите, но се многу подобри во тоа и почесто остваруваат заработка. Истражување со повеќе од 40 000 коцкари направено со соработка на универзитетите Харвард и Кембриџ покажало дека жените се поефективни во спортското обложување од мажите. Зошто? Затоа што жените се поагресивни, побрзо одлучуваат за својот облог и почесто имаат профит од обложувањето.

Жените се подобри политичари и светски лидери

Маргарет Тачер има изјавено: „Во политиката, ако сакаш нешто да биде само кажано – побарај маж; ако сакаш нешто да биде направено – побарај жена“. И очигледно била во право. Истражувањата покажале дека жените се поефективни политичари, помалку корумпирани и поддржуваат многу повеќе проекти и програми. Во рамките на едно истражување учесниците ги оцениле жените како еднакво добри или подобри политичари од мажите, но кога биле прашани за кого би гласале, за маж или за жена, повеќето учесници одговориле дека би гласале за маж. Тоа е и одговорот на прашањето зошто во светски рамки повеќето политичари се мажи.

Жените се подобри возачи од мажите

Тука не станува збор за паркирање или возење во рикверц, тоа е во областа на мажите. Жените се подобри возачи од мажите затоа што се повнимателни, велат експертите. Едно истражување покажало дека ризикот за возачите од машки пол да загинат во сообраќајна несреќа е за 77% повисок отколку за возачите од женски пол. Друго истражување покажало дека во текот на 5-годишен период, 80% од сите сериозни сообраќајни несреќи во градот Њујорк вклучувале мажи. Освен тоа, мажите почесто добиваат казни за брзо возење.

Жените подобро управуваат со парите отколку мажите

Минатата година Њујорк Тајмс објави статија во која се тврдеше дека жените заработуваат повеќе од мажите на пазарот со акции. Истражувањата покажуваат дека жените се за 3-4% подобри инвеститори и многупати подобри во менаџирањето на семејниот буџет.

Жените имаат подобра меморија од мажите

Жените многу подобро помнат лица, имиња, секојдневни настани, детали од разговорите што ги воделе и сл. Многу истражувања, меѓу кои и минатогодишното истражување на Универзитетот Кембриџ, потврдуваат дека женскиот мозок е поспособен да памти информации од машкиот. Таа способност им помага на жените да се снаоѓаат подобро во многу сфери од животот.

Жените би ги победиле мажите на ултра долги маратони

Мажите се подобри спортисти, но жените би можеле да ги победат мажите на ултра долги маратони од 200, 300 или 400 километри без спиење. Зошто? Поради две причини: прво, естрогенот им помага на жените да бидат поиздржливи и второ, женското тело има повеќе масти, па на многу долги патеки тоа е доста полезно.

Жените се хранат поздраво

Американско истражување во кое учествувале 14 000 мажи и жени покажало дека жените избираат поздрава храна и почесто консумираат овошје и зеленчуци.

Освен тоа..

Жените се и подобри:

  • Студенти – повеќе жени отколку мажи завршуваат факултет и тоа со подобар успех;
  • Спикери – луѓето им даваат поголем кредибилитет на вестите кога тие се презентирани од жена;
  • Доктори – жените поминуваат повеќе време со пациентите, повеќе ги охрабруваат и поддржуваат и сочувствуваат со нив, а и пациентите се чувствуваат покомфорно кога се со докторка;
  • Нуркачи – жените се посмирени, помалку агресивни и повеќе внимаваат на нивната безбедност.

Жените:

  • се поорганизирани на работното место;
  • имаат подобро развиено чувство за мирис;
  • живеат подолго;
  • подобро соработуваат и работат во тим;
  • комуницираат подобро;
  • учат полесно од мажите;
  • помалку зборуваат од мажите, но се изразуваат посмислено и поразнообразно од мажите и она што го кажуваат секогаш е поинтересно;
  • се подарежливи од мажите;
  • прават подобро вино.

Докажано е дека жените можат подобро:

  • да прават повеќе работи истовремено (мултитаскинг);
  • да убедат сообраќаен полицаец да не им пише казна;
  • да закажат термин на доктор;
  • да победат во дискусија;
  • да убедат продавач да им даде попуст;
  • да заковаат шајка.

Ова не е конечен список... има многу други нешта кои жените ги прават многу подобро од мажите.

Сепак, ова не значи дека жените се подобри во сè. Мажите се физички посилни и побрзи, подобро паркираат, подобро возат во рикверц, подобро читаат од мапи, подобро гледаат објекти кои се оддалечени од нив (далековидни се), поуспешно држат диети, подобро се однесуваат кон своите пријатели итн.

И за крај, верувале или не, жените многу поретко ги удира гром. Во периодот од 1995 до 2008г., дури 82% од луѓето кои биле удрени од гром во САД биле мажи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19661 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.