Почетна » Новости » Промо » Водич за купување: Како да ја изберете совршената гарнитура

Водич за купување: Како да ја изберете совршената гарнитура

Удобноста стана еден од најважните фактори при изборот на мебел, особено кога се во прашање гарнитурите. Со брзиот начин на живот нашиот дом станува место каде што бараме мир за да ги наполниме батериите за новиот ден, а гарнитурата го зазема централното место во тој процес.

Но, како да изберете гарнитура која совршено одговара на вашите потреби за одмор? Опуштете се, процесот е всушност многу едноставен кога знаете што барате. Затоа, составивме водич кој ќе ви помогне да ги разберете клучните аспекти на удобноста и како да ја најдете совршената гарнитура за вашиот дневен одмор.

Прима

Удобно, пространо, елегантно, модерно, прифатливо... Новата колекција на гарнитури на Прима ќе ги задоволи сите ваши барања. Марбела, Валенсија, Мадеира и Барселона ја сочинуваат новата колекција на гарнитури на Прима. Прилагодени се на современиот клиент, неговиот животен простор и секојдневните навики. Дизајнирани се од тимот на експерти на Прима кои се секогаш во тек со најновите трендови во индустријата, а благодарение на нашите сопствени производствени капацитети имаме целосна контрола над секој чекор, што ни овозможува да ви ги понудиме најудобните гарнитури на пазарот.

Прима

ШТО ВСУШНОСТ ЗНАЧИ УДОБНОСТ?

Удобноста е субјективен поим, бидејќи сите ние имаме сопствени преференции. Меѓутоа, кога станува збор за гарнитурите, неколку фактори го дефинираат чувството на удобност: исполнетоста на седиштето и потпирачот за грбот, длабочината на седиштето, висината на потпирачот за грбот и, се разбира, материјалот. Кога седите или лежите на гарнитурата, треба да се чувствувате целосно релаксирани, потпирајќи ги грбот и нозете без да се чувствувате напнати. Удобната гарнитура не само што треба да биде мека, туку и прилагодена на вашето тело. Токму тоа ви го нудат гарнитурите од новата колекција на Прима, кои се исклучително удобни поради заоблените брановити пружини во седиштето и дополнителниот слој од висококвалитетна и високоотпорна пена во потпирачот за грбот.

Прима

ПРОНАЈДЕТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА ДИМЕНЗИЈА ЗА ВАШИОТ ПРОСТОР И ПОТРЕБИ

При изборот на гарнитура, важно е да се земе предвид големината на просторот во кој ќе се наоѓа. Гарнитурата треба да биде доволно голема за да обезбеди удобност за сите членови на семејсвото, но не преголема со цел да не ја пренатрупа просторијата. Исто така, треба да го имате предвид и бројот на луѓе кои редовно ќе ја користат гарнитурата - дали ви треба аголна гарнитура, L-гарнитура или U-гарнитура, можеби ви е доволен и тросед со додатна табуретка?

Прима Прима Прима

ИЗБЕРЕТЕ ЈА ТКАЕНИНАТА КОЈА ЌЕ ВЕ ВОСХИТИ ПРИ ПРВИОТ ДОПИР

Ткаенината игра клучна улога во удобноста и релаксацијата. Марбела, Валенсија, Мадеира и Барселона, модуларните гарнитури од новата колекција на Прима доаѓаат со широк избор на ткаенини, од букле, постигнато со грубо плетење до шенил кој е пријатен на допир. Ако сакате луксузно, а сепак топло и пријатно чувство, букле е одличен избор. Неговата текстура е мека и топла и е совршена за создавање пријатна атмосфера. Од друга страна, шенилот нуди исклучителна мекост и издржливост, а благодарение на мазната површина и отпорноста е одличен избор за домови со динамичен начин на живот. Клучот е да го изберете материјалот кој најмногу одговара на вашите секојдневни потреби и стил, а истото важи и за изборот на бојата на ткаенината.

При изборот на бојата на ткаенината, неутралните нијанси како сива, беж или кафена создаваат релаксирачки амбиент и лесно се вклопуваат во секој простор. Поживописните бои како зелена или сина можат да донесат доза на енергија и карактер во вашата дневна соба. Во салоните на Прима ве очекува огромен избор на ткаенини кои ќе ви овозможуваат да ја почувствувате секоја ткаенина и да ја доживеете секоја боја од палетата во живо, под најдоброто светло.

Прима

ФУНКЦИОНАЛНОСТА НЕКА ОДГОВАРА НА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Функционалноста е важен дел од удобноста бидејќи одговара на вашите потреби, така што вистинскиот додаток може да ја направи вашиата гарнитура уште попрактична. Табуретката обезбедува мултифункционален комфор - можете да ја користите како потпирач за нозете, дополнително столче па дури и како практична маса за одлагање на разни работи.Гарнитурите, како што е Зола, често може да се трансформираат во кревет, додека има и гарнитури коишто имаат практичен простор за складирање, како што има Торино. Некои модели, како што е двоседот Крк, се наменети за секојдневен удобен сон, додека други, како што е Лира, доаѓаат со придружни украсни перничиња. Доколку барате гарнитура со релакс функција, Јута е најдобриот избор за вас. Изберете ја гарнитурата Оливер доколку сакате потпирачите за раце и потпирачите за глава да се подвижни.

Прима

СЕДНЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ВО УДОБНОСТА ПРЕД ДА КУПИТЕ

Нема подобар начин да ја почувствувате удобноста на гарнитурата од тоа да ја пробате. Затоа, слободно седнете и опуштете се! Во нашите салони низ Македонија продавачите ќе ви препорачаат да седнете и да се потпрете, да легнете и да се опуштите на гарнитурите за кои сте заинтересирани. Совршената гарнитура за вас треба да биде онаа на која ќе се чувствувате опуштено по само неколку секунди, на која вашето тело природно треба да ја „најде“ положбата што ви одговара.

Прима

ОДБЕРЕТЕ ЈА ГАРНИТУРАТА КОЈА ГИ СПОЈУВА УДОБНОСТА И ЕСТЕТИКАТА ПО ВАШ ВКУС

Иако удобноста е клучна, не треба да се занемари естетиката на гарнитурата. Накратко, гарнитурата мора да ви се допадне, дали поради заобленоста на елементите, поради просторноста, поради декоративниот раб, или поради елегантниот дизајн на ногарките... Постојат голем број на карактеристики кои можат да ве освојат. Важно е да најдете гарнитура која на прв поглед би ви била удобна и убава. Современиот дизајн на гарнитурата дополнително придонесува за чувството на удобност во просторот. При изборот на гарнитура, важно е таа да се вклопи во вашиот ентериер и да придонесе за целокупниот амбиент.

Прима

Посетете ги салоните на Прима низ цела Македонија бидејќи кај нас секоја гарнитура е удобна. Ваше е само да ја изберете онаа која е создадена само за вас - дизајнирана, произведена и прилагодена на вашиот животен стил.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.