Почетна » Новости » Актуелно » Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат

Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат

Во време кога дигиталниот свет ги потиснува традициите, а заборавот станува наша секојдневна реалност, македонскиот јазик добива нова форма на изразување преку уникатната колекција накит на Сташа Божиновска – ДУМА. Оваа колекција, создадена како дел од проектот „Азбучен споменар“, ги оживува архаизмите – подзаборавените македонски зборови – претворајќи ги во современа уметност.

„ДУМА е посвета на македонскиот збор – неговата сила, убавина и значење. Оваа колекција не е само накит, туку чувар на нашите зборови кои со тек на времето се изгубиле од секојдневието и под влијание на модерното време, но сепак остануваат дел од нашиот културен код,“ изјави авторката Сташа Божиновска.

Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска

Секое парче од колекцијата ДУМА е резултат на внимателно избирање зборови и нивно претворање во приказни и дизајни кои ја носат нивната суштина. Зборови како Абер, Бакнеж, Веда, Дар, Залез, Ѕуница, Копнеж, Преобразба, Роса, Струна и Џагор се оживеани преку процес што комбинира традиционални техники и современи технологии, создавајќи уникатни парчиња од сребро со делумно позлатени акценти.

Круна на проектот беше изложбата во Утопија - Битола, каде беа презентирани сите изработени парчиња накит, и постери со приказните за зборовите и процесот на изработка. Настанот имаше интерактивен аспект – гостите имаа можност да предлагаат нови зборови, како што се старински и архаични изрази, од кои Божиновска ќе се инспирира и ќе креира нови дизајни...

Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска

„Ова е почеток на „мојата азбука“, проектот ќе биде завршен кога ќе изработам накит за сите букви во азбуката“ - изјави авторката Сташа Божиновска

Колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска не е само накит, туку е еден вид на мост меѓу минатото и иднината – современ чувар на подзаборавените зборови, кои и денес ни зборуваат за тоа кои сме.

Целата приказна за ДУМА можете да ја „прочитате“ на www.stasha.com.mk а со пополнување на формата на линкот може секој да даде свој придонес во развојот на оваа колекција:

https://stasha.com.mk/duma/

Проектот „Азбучен споменар“ е поддржан од Министерство за култура и туризам.

Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска Колекција на Сташа Божиновска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19739 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.