Викторија Кјер Телвиг е новата Мис Универзум.
21-годишната мисица од Данска победи на 73-тото издание на изборот за убавина и ја освои посакуваната титула.
Таа се истакна меѓу 125-те убавици на натпреварот во Мексико. Ова е првпат во историјата учесничка од Данска да ја освои круната.
„Без разлика од каде доаѓате, какво и да ви е минатото, секогаш можете да изберете да го претворите во ваша силна страна. Никогаш нема да ве дефинира кои сте, мора само да продолжите да се борите. Стојам тука денес бидејќи сакам промена, сакам да испишам историја и тоа е она што го правам вечерва. Затоа никогаш не се откажувајте, секогаш верувајте во себе и во своите соништа“ – истакна Викторија.
Мис Нигерија беше избрана за прва придружничка, додека Мис Мексико стана втора придружничка.
Во најдобрите пет влегоа и Мис Тајланд и Мис Венецуела.