Анџелина Џоли имаше специјална придружба на доделувањето на „Governors Awards“ во Холивуд.
48-годишната актерка се појави на црниот тепих заедно со 16-годишниот син Нокс, кој го има од бракот со бившиот Бред Пит. Многубројни се коментарите за сличноста меѓу Нокс и Бред.
Џоли носеше креација од бутикот „The Knit Vintage“, од каде изјавиле дека таа е вистинска љубителка на винтиџ креации и дека сама ги избира моделите кои ги купува.
Џоли и Пит имаат уште пет други деца. Нокс има сестра-близначка, која се вика Вивиен.