Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Антониа Гиговска: „Жена изневерува само кога е незадоволна и несреќна. Сум била многу повредена“

Антониа Гиговска: „Жена изневерува само кога е незадоволна и несреќна. Сум била многу повредена“

По снимањето на песната „Жена“, Антониа Гиговска беше дел од повеќе интервјуа во кои зборуваше за машката љубов.

Македонската пејачка, која пее „Право машко знае како треба да се сака една жена“, сподели дека во својот живот била многу сакана, но и многу повредена. Во новата епизода од „Равенка за успех“, Антониа рече дека би се чувствувала многу лошо кога би била маж и би била изневерена од жена. Според неа, жените изневеруваат само кога се незадоволни и несреќни во врската.

Антониа Гиговска

„Да сум маж, мене ќе ми е искрено онака голем минус да ме изневери жена. Жена изневерува само кога е незадоволна, кога е несреќна и кога мажот не го прави она што треба да го прави, вистински. Право машко треба да знае како се сака жена, а тоа не е само да ти каже: ‘Јас те сакам’. Што имам јас од твоето ‘Те сакам’ ако ти не ми докажуваш со дела како ме сакаш. Значи, мораш да ме сакаш, мораш да ме почитуваш, мораш да ме заштитиш, да ми пружиш заштита, мораш да знаеш да се носиш со сè, едноставно да ме почитуваш. Тоа мислам дека е главното.“

„Сум била многу сакана, ама сум била и многу повредена. Мислам тенка е линијата. Ме сакаш, а ме повредуваш“ – вели Гиговска во видеото споделено на социјалните мрежи.

@zasemacedonia Антониа Гиговска и Даниел Николовски, утре во новат епизода на Равенка за успех! 20:00 на You Tube #равенканауспех #маја #gigovska #antonia #daniel #fyp #podcasts ♬ original sound - zasemk

Слушнете ја песната „Жена“:

Антониа Гиговска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20940 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.