Иако поминаа 27 години од снимањето на легендарниот филм „Титаник“, Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо продолжуваат да негуваат специјално пријателство.
49-годишната актерка и 50-годишниот актер ги изненадија фановите обединувајќи се на прикажувањето на нејзиниот најнов филм „Lee“ во Лос Анџелес. Тие позираа заедно пред постерот од филмот, а потоа си разменија краток бакнеж во уста и прегратка откако тој ја претстави талентираната актерка пред публиката.
„Кејт, моја драга пријателке, твојата работа на овој филм не е ништо помалку од трансформативна. И понатаму продолжувам да ѝ се восхитувам на твојата сила, на твојот интегритет, на твојот талент и на твојата страст кон секој можен проект што го создаваш“ – рече Лео пред Кејт да се качи на сцената за панел дискусија.
Leonardo DiCaprio introducing Kate Winslet during 'Lee' screening in Los Angeles (November 19, 2024). pic.twitter.com/K7H58zNSzS
— Leonardo DiCaprio Fan (@dicapriofans) November 20, 2024
Филмот „Титаник“ започна да се прикажува во киносалите на 19 декември 1997 година и брзо стана најгледан филм, освојувајќи бројни награди.