Почетна » Новости » Истражувања » 54% од мажите би ја откачиле својата девојка ако таа се здебели

54% од мажите би ја откачиле својата девојка ако таа се здебели

Над 50.000 лица учествувале во големото машко и големото женско истражување на сајтовите AskMen и TresSugar за низ конкретни бројки да се разоткријат навиките и размислувањата на мажите и жените. Некои од резултите ќе ве изненадат, но некои ќе ви ги потврдат сомневањата.

Во однос на жешката тема оргазам, нема големи изненадувања кај жените. Две третини од жените имаат одглумено оргазам, а речиси една третина глумат дека го достигнуваат врвното задоволство при секој сексуален однос. Изненадување е што и третина од мажите имаат одглумено оргазам, а уште поголемо изненадување е што 18% го направиле тоа повеќе од еднаш.

На прашањето дали би ја откачиле својата девојка ако таа стане дебела, дури 54% од мажите одговориле потврдно. Кога истото прашање им било поставено на жените, само 33% одговориле со „Да“.

Маж и Жена

Само 19% од жените се целосно задоволни со својот сексуален живот. 27% од жените велат дека воопшто немаат сексуален живот, 25% не се задоволни затоа што немаат квалитетен сексуален живот, а 5% не се чувствуваат задоволни поради фактот што немаат секс доволно често.

Од друга страна, 41% од мажите се донекаде задоволни со својот сексуален живот, а само 16% се целосно задоволни од сексот. 22% од мажите тврдат дека немаат сексуален живот.

И мажите и жените најмногу мразат да слушаат за Ким Кардашијан од славните женски личности и за Џастин Бибер од машките. За двата пола најважна особина при изборот на партнер е лојалноста.

Жените

  • 66% од жените имаат одглумено оргазам барем еднаш.
  • 26% од жените глумат оргазам за време на секој сексуален однос.
  • 57% од жените сметаат дека сметката за време на излегувања треба да се плаќа наизменично – и од мажот и од жената.
  • Според жените, Французинките се најдобро облечени во светот. Американките доаѓаат на второ место, а Италијанките на трето.
  • На 77% од жените технологијата им помогнала да останат во контакт со пријателите или да си го зголемат кругот на пријатели.
  • Пред да одат на прв состанок, 32% од жените седнуваат да го проверат Facebook профилот на „кандидатот“.
  • Ултимативниот женски пијалак според жените е белото вино.
  • Најголем дел од жените (35%) се облекуваат за да ги импресионираат другите жени. 34% од жените се облекуваат за да ги импресионираат пријателите на социјалните мрежи.
  • За жените, најважна карактеристика при одлуката дали еден маж е достоен за врска е лојалноста.
  • 60% од жените би му кажале мала бела лага на партнерот за да избегнат расправија.
  • 67% од жените НЕ би го оставиле својот партнер ако се здебели.
  • 41% од жените велат дека не им е проблем ако нивниот партнер ја има бившата како своја пријателка на Facebook.
  • 62% од жените не чуваат фотографии од своите бивши партнери.
  • 47% од жените му имаат испратено своја секси фотографија на партнерот.
  • 51% од жените никогаш не си фантазирале за пријател на нивниот партнер.

Мажите

  • На 92% од мажите им е важно дали жената ќе доживее оргазам или не.
  • 34% од мажите имаат одглумено оргазам; 18% во повеќе од една прилика.
  • На 43% од мажите им смета ако нивната партнерка претходно имала повеќе од 10 сексуални партнери.
  • 53% од мажите имаат излажано за бројот на сексуални партнерки.
  • 68% од мажите си фантазираат за пријателка на својата партнерка. 26% од нив го прават тоа редовно.
  • 54% од мажите БИ ја оставиле својата партнерка ако таа се здебели.
  • 54% од мажите сметаат дека можат да препознаат кога жената глуми оргазам, а 25% се апсолутно сигурни дека можат да го сторат тоа.
  • 63% од мажите би ѝ кажале мала бела лага на партнерката за да избегнат расправија.
  • 51% од мажите сметаат дека сметката за време на излегувања треба да се плаќа наизменично – и од мажот и од жената.
  • 47% од мажите велат дека не им е проблем ако нивната партнерка го има бившиот како свој пријател на Facebook.
  • 37% од мажите ѝ имаат испратено своја секси фотографија на партнерката.
  • 77% од мажите се облекуваат за да ги импресионираат жените.
  • За мажите, најважна карактеристика при одлуката дали една жена е достојна за врска е лојалноста.
  • Ултимативниот машки пијалак според мажите е скоч.
  • Според мажите, најдобро облечени мажи се Италијанците.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.