Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » 10 знаци дека тој е љубоморен, но не сака да признае

10 знаци дека тој е љубоморен, но не сака да признае

Љубомората е нормална емоција, се појавува поради различни причини и не познава пол или возраст. Додека жените поотворено ги изразуваат чувствата, мажите се погорделиви и не ги покажуваат отворено.

Постојат знаци по кои можете да препознаете дека вашиот сакан е љубоморен дури и кога тој не сака да ви признае.

Љубоморен партнер
  1. Не може да поднесе да зборувате за други мажи. Без разлика дали му раскажувате за пријател кој сте го сретнале во текот на денот или за проект кој сте го работеле со колега, неговата енергија се менува. Разговорот брзо добива сосема поинаква динамика или тој си наоѓа нова активност наместо да ве слуша.
  2. Очекува постојано да поминувате време заедно. Дали тој ве сака само за себе и бара начини постојано да бидете заедно? Дали му пречи кога сте со пријателите или семејството? Љубоморниот партнер ќе сака да биде покрај вас постојано. Можно е одеднаш да стане невообичаено љубезен и романтичен за да го освои целото ваше внимание.
  3. Поставува повеќе прашања од вообичаено. Ако честопати се чувствувате како да сте дел од полициска истрага и сте испрашувани за секој детаљ од вашиот ден, голема е веројатноста да се соочувате со љубоморен партнер. Кај некои мажи љубомората се зголемува со текот на времето и тие започнуваат да им поставуваат ограничувања на своите партнерки.
  4. Не сака да чувате фотографии од бившиот. Се лути кога ќе наиде на фотографија од вашата претходна врска или од некој што ви се допаѓал.
  5. Расположението му се менува кога зборувате со конкретна личност. Нема ништо чудно во тоа да имате машки пријатели, ниту пак да разговарате со нив кога ќе се сретнете. Но, ако секогаш кога ќе наидете на ТАА личност, изразот на неговото лице комплетно се менува, тоа значи дека му пречи вашата меѓусебна комуникација.
  6. Секогаш сака да знае со кого бевте и каде. Без разлика дали сте биле разделени цел ден или само еден час, тој сака да ги дознае сите личности што седеле со вас или околу вас, па дури и оние што случајно сте ги сретнале патем. Можеби на почетокот ќе ви изгледа како да сака да озборува, но тој всушност проверува дали сте направиле нешто за да го повредите.
  7. Пречесто ви се јавува за да ве провери. Бидејќи не сака да бидете разделени, тој постојано ќе сака да бидете во контакт, без разлика дали сте со семејството или со пријателите или колегите.
  8. Полудува ако не му одговорите на пораките со брзина на светлината или ако не му се јавите кога ви ѕвони на телефон.
  9. Се појавува ненадејно онаму каде што сте со пријателите. Иако можеби вообичаено не е тип кој излегува со вашите пријатели или кој сака гласни места, без најава се појавува на местата каде што сте му рекле дека ќе бидете. Тоа значи дека сака самиот да види со кого сте и дали му ја кажувате вистината.
  10. Се обидува да го контролира начинот на кој се облекувате. Започнувате да забележувате дека тој се лути кога носите тесна облека или модели кои отскриваат одредени делови од вашето тело.

Имајте на ум дека кога малите дози на „здрава“ љубомора се надминат, врската преминува во токсична. Отворено разговарајте со партнерот, а доколку увидите дека нема простор за подобрување, размислете за опцијата раскинување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20775 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.