Џанлука Ваки и неговата девојка Шерон Фонсека го очекуваат првото дете.
52-годишниот италијански милионер и 25-годишниот модел со видео на Instagram споделија дека ќе станат родители. Во видеото, Џанлука прво ѝ го честита Денот на мајките на мајка си, а потоа открива дека е пресреќен што ќе стане татко.
„Пресреќен сум што објавувам и споделувам со вас дека со Шерон очекуваме дете. Таа ќе биде мајката која отсекогаш ја сонував за моето бебе“ – вели Ваки.
Џанлука е диџеј, инвеститор и Instagram ѕвезда со повеќе од 15 милиони следбеници. Неговите видеа во кои го покажува својот фит изглед и танцувачките способности честопати се хит на социјалните мрежи.
Тој е во врска со Шерон од пролетта 2018 година.
Претходно, Ваки беше во врска со 23-годишната Ариадна Гутиерез, која во 2014 година ја доби титулата Мис Колумбија.