Џанлука Ваки и Шерон Фонсека уживаа во прекрасен сончев ден со малата ќеркичка.
55-годишниот италијански милионер и 28-годишната Венецуелка се релаксираа и се забавуваа со слатката Блу Џерусалема на плажа.
Парот сподели фотографии и видеа на Instagram.
„Ден на плажа. Се обидувам да останам млад и силен за мојата убава жена“ – напиша Ваки.
„Прекрасен семеен ден на плажа. Многу сум благодарна за ваквите денови“ – стои во описот на Фонсека.
Ќеркичката на Шерон и Џанлука се роди во октомври 2020 година.