Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џанлука Ваки и Шерон Фонсека за првпат ја покажаа ќеркичката во семејна фотосесија

Џанлука Ваки и Шерон Фонсека за првпат ја покажаа ќеркичката во семејна фотосесија

Џанлука Ваки и Шерон Фонсека го покажаа лицето на ќеркичката Блу Џерусалема.

53-годишниот милионер и неговата 25-годишна девојка снимија фотосесија за HOLA! заедно со бебенцето. Во интервјуто, парот откри дека Блу се родила со расцеп на непцето и дека во иднина ќе треба да ѝ биде направена операција за таа да живее нормален живот.

„Пресреќни сме што конечно можете да ја запознаете Блу Џерусалема. Таа се роди со расцеп на непцето. Нашите души и срце веднаш беа со нашата ќерка, но истовремено и со семејствата кои мораат да поминат низ слична ситуација, бидејќи ова се случува кај 1 од 700 бебиња“.

„Благословени сме што имаме одличен медицински тим за нашето мало девојче и што во иднина тие ќе можат да направат операција за да ѝ помогнат да живее сосема нормален живот“.

„Но, тоа не го можат многу семејства и поради таа причина, одлучивме да ја искористиме оваа можност за да ја подигнеме свеста и да поддржиме фондации кои им помагаат на семејства кои се во ваква ситуација“ – напиша италијанскиот бизнисмен.

Видео

Блу Џерусалема се роди на 27 октомври годинава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.