Ќерката на Џанлука Ваки и Шерон Фонсека наполни две години. Среќните родители организираа голема детска забава за да прослават со најблиските.
Маскирани Дизни принцези, торта и декорации инспирирани од бајките, стотици балони и голем огномет... 55-годишниот Италијанец и неговата 27-годишна девојка направија сè за да ја усреќат нивната мала принцеза.
Претходно, Џанлука и Шерон споделија видеа со малата Блу Џерусалема за да ѝ го честитаат роденденот.
„2 години со тебе. Среќен роденден љубов моја. Ќе направам сè за да бидам таткото од твоите соништа. Те сакам“ – напиша славниот милионер.
„За моето бебе. Среќен роденден моја Блу, ти си најубавиот подрок кој животот можеше да ни го даде. Ти донесе светлина, сила, значење и многу љубов во нашиот свет. Им ја даде најчистата среќа на Мама и Тато. Ќе го дадам најдоброто од себе за да ти бидам најдобрата мајка што можам. Те сакав уште од пред да те запознаам. И ќе те сакам засекогаш. Со љубов, Мама“ – стои во описот на видео на Шерон, во кое се прикажани моменти со малото девојче од раѓањето.