Каролина Гочева деновиве престојува во својот роден град Битола. 40-годишната музичка ѕвезда уживаше во убавините на Пелистер заедно со својата сестра Александра и внуките Луција и Инес.
Славната македонска пејачка сподели фотографии од прекрасниот ден поминат во природа. „Ден исполнет со убавина“ – напиша таа во описот.
Четирите дами беа придружени од сопругот на Каролина, Михаил Корубин, како и нејзиниот зет Иван Јерчиќ.