Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 13 едноставни совети за да си го подобрите расположението

13 едноставни совети за да си го подобрите расположението

Многу настани, ситуации и грешки во животот имаат моќ да ни ја тргнат насмевката од лицето и да ни го одземат правото да блескаме од среќа. Но, често лошото расположение е само наш избор, бидејќи моменталните мисли и донесените одлуки во голема мера ги диктираат емоциите.

Среќа

Можете да изберете да бидете среќни и расположени и можете да го направите тоа токму сега. Следниве совети ќе ви помогнат да си го разведрите расположението на природен начин:

  1. Вклучете ги боите на виножитото во животот. Плакарот ви е преполн со сите нијанси на црната и сивата боја? Дали вашиот дом зрачи со меланхолична атмосфера затоа што отсуствуваат весели бои? Осветлете си го животот вметнувајќи ги боите на виножитото во секојдневието. Хромотерапијата (терапијата со бои) докажано го подобрува расположението, па ставете ја жолтата јакна, налакирајте ги ноктите со црвен лак, обојте еден ѕид во домот во светла боја или декорирајте со детали во весели бои и веднаш ќе почувствувате позитивна промена.
  2. Усреќете друга личност. Не е тешко да останете рамнодушни кон туѓите чувства кога сите околу вас себично мислат само на сопствената среќа. Не бидете како нив. Живејте го секој ден со љубезност и сочувство кон другите. Дајте му комплимент на ваш колега за добрата работа, помогнете ѝ на стара сосетка да ја премине улицата, нахранете бездомник. Самата помисла дека сте разубавиле нечиј живот ќе ви го разведри лицето.
  3. Разбудете се со позитивна мисла. Денот го започнувате со намуртено лице или оптимистички скокате од креветот? Кога ќе ги отворите очите, потсетете се дека ништо не може да ви ја украде насмевката ако вие не му дозволите. Наместо да велите „Леле, не е ли веќе петок?“, кажете си „Ова ќе биде прекрасен ден и ништо нема да ми го уништи“. Можете и да залепите позитивни мисли до својот кревет кои ќе ве потсетуваат колку е убав животот.
  4. Смислете три нешта за кои сте благодарни. Чувствувате дека нешто ве влече надолу? Застанете и помислете што ви го разубавува животот. Пронајдете три работи за кои сте благодарни. Тоа може да биде успешната љубовна врска, ведрите и воспитани деца, одличното здравје или едноставно фактот што постоите на овој свет.
  5. Ослободете го плакарот од облеката во која не се чувствувате убаво. Дел од вашиот плакар е наменет за претесна облека која ви служи како мотивација за слабеење? Чувате облека која ви создава негативни чувства? Подредете го плакарот, но оставете ја во него само облеката која ви ја покачува самодовербата и ви го подобрува расположението.
  6. Неколку минути играјте со вашето куче или галете ја вашата мачка. Времето поминато со домашен миленик ги зголемува нивоата на серотонин и окситоцин, хормони кои го подобруваат расположението, а го намалува нивото на стрес хормонот кортизол.
  7. Предајте се на моментот. Ние луѓето сме чудни суштества – постојано се обидуваме да контролираме сè околу нас, заборавајќи дека мрежата од планови само нè спречува да уживаме. Да се препуштите на моментот не значи да се откажете од контролата врз сопствениот живот, туку понекогаш да бидете спонтани, дури и кога не можете да го предвидите резултатот од своите постапки и да научите нагло да вртите во моментите кога промената не била дел од вашите планови.
  8. Завршете одложувана обврска. Многу луѓе ја користат презафатеноста за да ја оправдаат сопствената неодговорност и одложувањето на исполнувањето на обврските. Но, истите тие натрупани обврски често ни го уништуваат расположението. Справете се со стар проблем, исполнете долго одложувана задача, направете го лекарскиот преглед кој постојано го оставате за друг ден. Намалувањето на списокот со работи кои треба да ги направите ќе ви го подобри расположението.
  9. Изедете портокал. Овошјето богато со витамин Ц, како цитрусните плодови, можат инстантно да ве развеселат и да ви го подобрат расположението.
  10. Научете нешто ново. Предизвиците и новитетите се клуч кон среќата. Луѓето кои постојано учат нешто ново, независно дали тоа е нова игра или нов јазик, или пак, едноставно посетуваат ново место, се посреќни од оние кои ги преферираат познатите активности. Човечкиот мозок е стимулиран од неочекувани изненадувања, а справувањето со новите задачи ни дава неверојатно задоволство.
  11. Секој ден потсетувајте ги блиските и себеси за вашата љубов. Пред да излезете низ вратата, кажете им на вашите деца колку ги сакате, испратете му љубовен СМС на вашиот сакан, застанете пред огледалото и потсетете се дека ви се допаѓа личноста која ја гледате. Кога срцето ви е отворено за љубов, вашето расположение ќе се движи во позитивна насока.
  12. Купете си букет цвеќе. Не мора да чекате вашиот партнер да ви даде подарок за да се насмевнете. Само еден букет е доволен за да ви се подобри расположението, затоа што нашиот мозок ги поврзува цвеќињата со весели спомени.
  13. Одглумете дека сте позитивно расположени додека навистина не бидете. Да, сигурно смеењето е последното нешто кое ви паѓа на памет кога сте нерасположени, но дури и најнеискрената насмевка има сила да ве развесели. Обидете се да бидете лути со насмевка на лицето. Не можете, нели?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20776 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.