Почетна » Новости » Истражувања » 30 ситници кои лесно можат да ве израдуваат

30 ситници кои лесно можат да ве израдуваат

Понекогаш е доволна една мала ситница како прегратка за да ги избркате темните облаци што надвиснале над вас и да си го разведрите расположението. Доволен е еден комплимент или мал подарок за да заборавите на целиот стресен работен ден.

Најголемите задоволства во животот доаѓаат во мали пакувања, а ново истражување уште еднаш го потврди тоа. Доволно е само да пронајдете изгубена банкнота во стари фармерки или некој да ви каже дека сте ослабени за да се израдувате, велат истражувачите.

Жена што скока од радостМалите нешта како прегратка или прошетка во сончев ден можат брзо да ве усреќат

„Едноставните нешта како мирисот на топол леб, пријателството и слушањето на омилената песна толку многу го менуваат начинот на којшто се чувствуваме, што треба да се трудиме да ги доживуваме почесто“ – изјавил претставник на компанијата којашто стои зад истражувањето.

Над 3000 возрасни лица биле испрашувани за тоа што ги прави среќни и колку често се чувствуваат среќни. Очекувано, истражувањето покажало дека луѓето се најсреќни во сабота, особено наутро кога ќе ги отворат очите и кога ќе се потсетат дека започнува викендот. Со помош на одговорите на учесниците била направена листа на најинтересни мали нешта кои ги усреќуваат луѓето. Еве дел од нив:

  1. Пронаоѓање на банкнота во стари фармерки
  2. Одење на одмор
  3. Легнување во миризлива чиста постелнина
  4. Пливање в море
  5. Седење на сонце
  6. Прошетка во сончев ден
  7. Добивање неочекуван подарок или букет цвеќиња
  8. Масажа од саканата личност
  9. Прегратки
  10. Добивање на благодарница
  11. Глетка на повозрасен пар што се држи рака за рака
  12. Возење автомобил со спуштени прозорци во сончев ден
  13. Минимална добивка на лотарија
  14. Резервирање на летен одмор
  15. Слушање на омилената песна
  16. Пронаоѓање на добра зделка/распродажба
  17. Средба со стар пријател
  18. Пикник во природа
  19. Унапредување во работата
  20. Романтичен состанок
  21. Слушање песна што потсетува на минатото
  22. Разгледување стари фотографии
  23. Ново познанство
  24. Тивок момент само за себе
  25. Прошетка на село
  26. Бебешко смеење
  27. Женска вечер
  28. Будење во сабота наутро
  29. Чоколадо
  30. Јадење торта

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20786 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.