Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Како да ја победите подуеноста на стомакот?

Како да ја победите подуеноста на стомакот?

Подуеноста на стомакот е честа и иритирачка појава која особено ги засега жените. Најнепријатно е кога ќе се случи токму пред некој настан на кој сакате да носите тесно фустанче или пак омилените тесни фармерки.

Без разлика дали вашето надуено стомаче е резултат на лоши навики за хранење, прејадување, консумирање на храна што предизвикува гасови или задржување на течности во телото, потребно е да знаете што можете да направите за да го спречите и постојано да се гордеете со рамен стомак.

рамен стомакЗа да имате рамен стомак, избегнувајте ја храната што предизвикува гасови.
  • Избегнувајте ја храната што предизвикува гасови. Гравот, брокулите, карфиолот, зелката и марулата можат да предизвикаат гасови во стомакот. Но, тоа не значи дека воопшто не треба да ги консумирате. Потребно е постепено да ги внесувате во исхраната. Започнете со мало количество и потоа зголемувајте го. Така ќе му дадете можност на телото да се привикне на нив.
  • Внимателно со млечните производи. Интолеранцијата на лактоза е многу почеста отколку што си мислите и несомнено може да предизвика подуеност на стомакот. Млечните производи освен калциум и протеини, содржат и лактоза, која што ако остане несварена во стомакот создава гасови и грчеви. Водете евиденција дали подуеноста настапува по консумацијата на млечни производи. Ако е така, започнете со консумација на мало количество млеко и потоа постепено зголемувајте го или избегнувајте ги млечните производи пред важен настан.
  • Бидете подготвени за ПМС. Ретко која жена не почувствувала подување на стомакот пред менструација и тоа создава дополнителна нервоза, затоа што влијае на надворешниот изглед и на самодовербата. Ако го имате овој проблем, посветете повеќе внимание на внесувањето на доволно количество на калциум (1000mg дневно) и магнезиум (300mg дневно). Овие два минерала ги ублажуваат симптомите на ПМС, вклучително и подувањето на стомакот.
  • Јадете повеќе растителни влакна. Растителните влакна ја спречуваат појавата на запек. Жените треба да внесуваат најмалку 25g растителни влакна дневно, но повеќето од нас не внимаваат на тоа. Консумирајте повеќе јагоди, боровинки, сушени сливи и кајсии, јаткасти плодови, житарици, мешунки. Но, внимавајте да не внесувате многу растителни влакна со еден оброк.
  • Не јадете брзо и не се прејадувајте. Брзото јадење и недоволното џвакање на храната може да предизвика голтање на воздух и како резултат на тоа – подување на стомакот. Исто така, треба да внимавате да не се прејадувате. Ова правило особено важи за време на празниците. Јадете бавно, џвакајте ја добро храната и уживајте во секој залак. Така ќе јадете и помалку.
  • Избегнувајте газирани пијалоци. Гасот од газираните пијалоци може да остане во вашиот стомак и да настане подување. Воопшто не консумирајте газирани пијалоци или редуцирајте го количеството кое го пиете.
  • Пијте повеќе течности. Пиењето вода сигурно е последното нешто што сакате да го направите ако имате подуен стомак, затоа што се плашите дека ќе стане уште поголем. Но, течностите се неопходни за да избегнете запек, а плус и го прочистуваат организмот. Газираните пијалоци заменете ги со вода со лимон или пак чаеви. Јадете повеќе овошје и зеленчук. Некои плодови и зеленчуци во својот состав имаат дури 80-90% вода. Лубеницата и краставиците се добар пример.
  • Консумирајте храна богата со калиум. Калиумот ги регулира течностите во телото и на тој начин го минимизира подувањето. Бананите, доматите, спанаќот и мангото се одличен извор на калиум.
  • Намалете го вносот на натриум. Ако консумирате премногу солена храна, нивото на натриум се зголемува, телото е посклоно да задржува течности и настанува подување. Експертите препорачуваат дневна консумација на 2300-2400mg натриум, т.е. 1 чајно лажиче сол. Бидете внимателни, затоа што дури и да не консумирате солена храна, сепак може да внесувате многу натриум преку конзервираната храна. Јадете свежа храна и скратете ја солта од рецептите.
  • Помогнете си со продукти кои го намалуваат подувањето. Чајот од нане и чајот од камилица се одличен избор ако сакате да го елиминирате подувањето на стомакот. Додајте свеж исечкан магдонос во јадењето, затоа што тој е природен диуретик. Јогуртот пак содржи „добри“ бактерии кои можат да го намалат подувањето. Овие продукти се многу корисни и нема причина зошто да не им дозволите да ви помогнат во напорите да постигнете рамен стомак.

Дополнителни совети

  • Не користете сламка за пиење. Така голтате повеќе воздух.
  • Не пушете. Кога вдишувате чад, со него вдишувате и голтате воздух.
  • Не зборувајте додека јадете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20776 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.