Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » 6 вежби за потенка и поцврста половина

6 вежби за потенка и поцврста половина

Експертите тврдат дека клучот за обликување на тенка цврста половина е во практикувањето на вежби кои ги зацврстуваат сите централни мускули на телото, а не само горните и долните мускули на стомакот, кои најчесто ги тонираме со стандардните вежби за стомачни мускули .

Во продолжение ќе најдете шест ефективни вежби од фитнес гуруто Елизабет Халфпап за елиминирање на „гумата“ околу стомакот и за остварување на желбата за тенка привлечна половина.

Вежба за тенка половинаВежба за тенка половинаВежба за тенка половинаВежба за тенка половинаВежба за тенка половинаВежба за тенка половина

Седнете на подот веднаш до ѕид. Потпирајте се на ѕидот со долниот дел од грбот. Колената нека ви бидат малку свиткани, а стапалата поставени на малку поголемо растојание од ширината на колковите. Поставете ги рацете меѓу нозете и стегнете ги стомачните мускули.

Додека притискате на подот со врвовите на прстите од рацете, подигнете ги нозете на висина од околу 15 сантиметри (како на сликата). Направете 2 серии по 20 повторувања.

Седнете на здиплена крпа до ѕид. Потпрете се на ѕидот со горниот дел на грбот, свиткајте ги колената и стапалата држете ги легнати на подот. Поставете ги рацете блиску до колковите и со врвовите на прстите притискајте на подот.

Стегнете ги стомачните мускули и подигнете ги нозете од подот. Доближете ги колената колку што можете повеќе до градите, а потоа исправете ги нозете така што прстите на стапалата да ви бидат насочени кон таванот (како на сликата). Придвижете ги нозете за 2-3 сантиметри кон ѕидот и веднаш оддалечете ги. Повторете 10 такви пулсирања. Направете барем две серии.

Седнете на здиплена крпа пред ѕид. Потпрете се назад на лактите и поставете ги нозете на ѕидот така што да ви бидат во права линија.

Стегнете ги стомачните мускули и испружете ги рацете напред кон стапалата (како на сликата). Кога еднаш ќе ја заземете таа положба, подигнете го торзото 2-3 сантиметри погоре, па спуштете го исто толку. Направете 20 такви пулсирања.

Потоа, прегрнете ги со рацете колената за да се одморите. Направете барем уште една серија.

Легнете на подот со свиткани колена. Рацете испружете ги покрај телото. Десниот глужд поставете го веднаш над левото колено. Предниот дел од левото стапало подигнете го така што ногата да ви се потпира само на петицата.

Стегајќи ги стомачните мускули, подигнете ги колковите од подот (како на сликата), а потоа спуштете ги. Направете 10 повторувања. Променете ја ногата на којашто се потпирате и направете уште една серија.

Седнете на здиплена крпа. Потпрете се назад на лактите и свиткајте ги колената. Стапалата нека ви бидат легнати на подот.

Стегнете ги стомачните мускули, свиткајте го торзото и подигнете се нагоре и налево. Рацете придвижете ги налево и со дланките фатете го вашиот лев бут од надворешната страна (како на сликата).

Потоа, пуштете ги рацете да висат лево од вашето тело брз да се придржувате за ногата. Подигнете го телото нагоре и налево за 2-3 сантиметри, па вратете го за исто толку наназад. Направете 20 такви пулсирања. Истото повторете го на десната страна.

Легнете на подот настрана, потпрени на левиот лакт, така што подлактицата да ви биде во нормална положба во однос на телото. Поставете здиплена крпа помеѓу нозете над колената. Десната рака потпрете ја на десниот бут.

Подигнете ги колковите од подот за телото да ви оформи права линија (како на сликата). Стегајте ја крпата. Задржете се во таа положба 2-3 секунди, па спуштете се на подот. Направете 10 повторувања, а потоа повторете го истото и на десната страна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.