Почетна » Семејство » Дете » Знаете дека сте мајка кога...

Знаете дека сте мајка кога...

Мајка
  1. Кревко мало тело ве разделува од саканиот додека спиете. Но, тоа е и она што всушност најмногу ве соединува.
  2. Може да се растопите со еден поглед. Кога тој доаѓа од неодоливите очи кои девет месеци ги создававте во себе.
  3. Се радувате на нечиј успех, независно колку е мал, повеќе отколку на сопствениот. Првите чекори, првото склопено пријателство, првата петка во училиште ве прават погорди од сè.
  4. Секој ден спасувате живот. Бидејќи некој е целосно зависен од вас.
  5. Мирисот на нечија малечка глава ви ги буди најубавите чувства. За вас тоа е јасен доказ дека рајот навистина постои и е онаму каде што е вашето малечко... Но, мирисот на повратената облека ве тера да ги преиспитате своите чувства.
  6. Имате подобри рефлекси од мачка.
  7. Побрзо пронајдувате кашичка, сокче, цуцла или пелени во својата чанта отколку кармин.
  8. Избезумено барате загубена цуцла низ домот како од неа да ви зависи животот, затоа што знаете дека некој нема да може без солзи да потоне во светот на соништата без ТАА лажалка.
  9. Убедени сте дека подароците изработени од мали детски рачиња се помили и поскапоцени од сите дијаманти на светот. Подароците воопшто не ви се важни, туку личноста која стои зад нив.
  10. Во секој момент поважно ви е при рака да имате влажни марамчиња отколку пари.
  11. Знаете најмалку сто работи кои можат да се исчистат со бебешки влажни марамчиња.
  12. Редовно кревате во раце друга личност за да ѝ го помирисате задникот. („Дали пелените се полни?“)
  13. Сте најдобриот детектив кој во секој момент може да открие од што е направена одредена тврдокорна дамка.
  14. Ги знаете имињата на сите ликови од цртаните филмови. Бидејќи вашето малечко ги гледа повторно и повторно... и повторно.
  15. Умеете да се нашминкате и да си направите фризура за 5 минути пред мала љубопитна публика.
  16. Не се срамите да разговарате за нечија течна или тврда столица или телесни течности. Веќе извесно време не го слушате внатрешниот глас кој ви шепотеше кои теми се соодветни за разговор во јавност (особено пред личности кои не се родители), а кои не.
  17. Повеќе ве возбудува непрекинатиот сон отколку непрекинатиот секс.
  18. Многу дооолго време не сте јале оброк додека е топол. А кафето го претоплувате неколкупати пред да го испиете.
  19. Не ви пречи да јадете нечии остатоци од оброк.
  20. Секојдневно изговарате чудни реченици кои никогаш претходно не би ви паднале на ум како „Немој да го лижеш паркетот“ или „Извади ја чизмата од рерната“.
  21. Се гордеете кога некој ќе подригне.
  22. „Понекогаш“ ја употребувате плунката како средство за чистење. Најчесто на засушена храна.
  23. Тајно јадете чоколадо.
  24. Вашето тукушто родено бебе има повеќе чевли и облека од вас. И вашиот буџет за облека сега е целосно пренаменет за друга личност.
  25. Редовно некој ви напомнува дека чудовишта се кријат насекаде, но најчесто под креветот.
  26. Имате време да избричите само една нога за време на едно туширање. И вистинска среќничка сте ако ја завршите задачата без да пролеете ни капка крв.
  27. Кога велите „чанта“, всушност мислите на „бебешка торба“. Вашите омилени модни додатоци сега висат бескорисно во вашиот плакар.
  28. Треба да исечкате нечија храна пред да седнете да јадете. Понекогаш по грешка тоа го правите и со храната на вашиот сопруг.
  29. Не се плашите од ништо и во исто време се плашите од сè... кога вашето дете е во прашање.
  30. Камчето на патот за вас не е само обичен камен, тој е предмет кој може да доведе до задушување. И свесни сте со колкава брзина тој може да премине од земјата во нечија уста. Затоа сте неверојатно претпазливи.
  31. Се чувствувате како најлошата личност на светот ако сте принудени да поминете подолго време подалеку од вашето малечко.
  32. Во текот на неполн час правите повеќе отколку што многумина прават во текот на цели 24 часа. Можете да правите околу десет различни нешта во исто време. Чувствувате дека сте повешти во мултитаскингот од кој било бизнисмен во светот.
  33. Имате слушнато/испеано една иста песна милион пати во период од една година. Пеете и покрај тоа што знаете колку малку музикален талент поседувате. Дома, во автомобилот, во ресторан, на улица... секаде, без ниту за момент да се замислите дали некој слуша.
  34. Јадењето од стоење е нормален начин на консумирање на оброкот.
  35. И покрај бессоните ноќи, расправиите со партнерот, времето посветено на пресоблекување, перење и чистење, не би промениле апсолутно ништо во својот живот.
  36. Се лутите и растажувате кога непознати лица не возвраќаат на мавтањето на едно мало раче.
  37. Мислите дека знаете да пострижувате, а моменти потоа дознавате дека сте се лажеле. Можеби додека го гледате фризерот ви се чини како да е најлесната работа на светот, но треба да знаете дека не е и не можете да ја завршите сами.
  38. Слушате како зборовите на вашата мајка излегуваат низ вашите усни. Ќе ги повторувате речениците кои порано се колневте дека нема да ги кажувате како „Еден ден ќе ми бидеш благодарен“.
  39. Покрај себе имате личност чии бакнежи и насмевки имаат моќ да лекуваат. Потребно е само да ги почувствувате малите рачиња околу својот врат за да исчезне какво било негативно чувство кај вас.
  40. Некој го користи вашиот мобилен телефон повеќе од вас. И тоа не за вистинската намена.
  41. Умеете да ја сечкате храната во многу креативни форми. И да ги декорирате зеленчуците и овошните плодови на забавен начин за побрзо да завршат во нечија мала уста.
  42. Се чувствувате како најсаканата и најнеопходната личност на светот. Како што само една мајка може да биде сакана.
  43. Во себе криете толку силна и жестока љубов којашто само друга мајка може да ја разбере.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19699 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.