Почетна » Новости » Актуелно » Музичка магија за најмалите: Детскиот фестивал СИ-ДО на 30 април во Битола

Музичка магија за најмалите: Детскиот фестивал СИ-ДО на 30 април во Битола

Битола повторно ќе биде градот на детската музика, радоста и безгрижноста – затоа што на 30 април, СИ-ДО ќе го одржи своето 29-то магично издание.

Најголемиот детски музички спектакл кај нас, кој со децении ја негува детската креативност и љубовта кон музиката, повторно ги отвора своите врати за најмалите, но и за сите кои веруваат дека детството треба да се слави со песна, насмевки и многу забава.

На 30 април, фестивалот ќе понуди незаборавна вечер исполнета со оригинални детски композиции, сценски настапи, блескави костими и изненадувања кои ќе ги воодушеват и децата и возрасните.

СИ-ДО

„Ве покануваме на најголемиот детски музички спектакл! 30 април 2025. Очекувајте многу музика и многу изненадувања. Не ја пропуштајте најубавата детска музичка приказна.“

„Поканети се сите другарчиња – од најмали до најголеми – заедно да го прославиме детството како што доликува: со радост, дружба и песна“ – вели организаторот Дарко Шерденков.

Подгответе се за вечер исполнета со чиста детска енергија, звук и радост. СИ-ДО – таму каде што музиката и детството се спојуваат во најубавата приказна!

СИ-ДО СИ-ДО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25118 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.