Почетна » Семејство » Дете » Д-р Катерина Василева Димовска: Доцен развој на говорот кај децата – дијагностичка дилема

Д-р Катерина Василева Димовска: Доцен развој на говорот кај децата – дијагностичка дилема

Стравот на родителите поврзан со непрозборувањето на децата честопати знае да иницира недоумици. Децата кои доцнат во развојот на говорот најчесто претставуваат дијагностичка дилема и за клиничарите. Ова се однесува особено на тоа кога и колку рано да се отпочне со дополнителни испитувања/тестирања. И дали можеби пак да треба да се почека до 3. година од животот на детето, за да се види дали ќе има спонтано разрешување на состојбата, што е инаку често се случува кај децата до 3-годишна возраст.

Педијатрите предлагаат дефинирани критериуми според кои треба да се водиме во инвестигирање на состојбата на развоен проблем на говорот. Првичната педијатриска проценка подразбира категоризирање на формата и степенот на доцнење на говорот.

Дете

Примарната форма на доцнење во говорот подразбира нарушување и на експресивниот и на рецептивниот говор. Додека пак, секундарната форма се манифестира како дел од губиток на слух, интелектуално засегање, аутистичен спектар, физички попречен говор или селективен мутизам.

Дополнително, педијатриската проценка подразбира дефинирање на обликот и тежината на јазичниот и говорен дефицит, при што истите се групираат во три степени: блага форма, средна форма и тешка форма. Поопсежната, длабока проценка подразбира откривање на комплексни невролошки состојби, метаболни болести, инфекции, интоксикации, но и изолирани нарушувања како аномалии на уво, нос и грло, сензоневрална глувост, или психијатриски состојби како аутизам, АДХД и первазивни нарушување проследени со когнитивен дефицит.

Основа за добра дијагноза е темелно земената анамнеза за медицинската историја на детето и податоците за фамилијарни заболувања. Потоа следи невролошка проценка, морфолошка проценка и проценка на уво, нос и грло.

Втората група на иследувања опфаќаат специјално дизајнирани тестови за невроразвојна проценка, психијатриска проценка, проследени со аудиометрија, електроенцефалографија и магнетна резонанца.

Дете

Во лесната форма на доцнење во говорот влегуваат деца над 1 година кои сè уште немаат говор и деца над 2 години кои започнале со говорот со доцнење од 3-6 месеци. Во оваа група влегуваат и децата кои започнале со лесна форма на пелтечење.

Во средната форма спаѓаат деца до 3 години кои зборуваат тешко разбирливо, деца од 1-3 години кои сè уште не зборуваат и деца кои пелтечат подолго време, но немаат инхибиција во говорот.

Во тешка форма се вбројуваат деца под 5 години кои имаат неразбирлив говор или немаат говор и тежок облик на пелтечење кое е асоцирано со страв и прави инхибиција на говорот.

По дефинирањето на состојбите, се пристапува кон тимска терапија, а тоа подразбира логопедски, психолошки третмани и терапија од невропедијатар. Паралелно се прави редовно следење и евалуација на состојбата преку разни форми на тестирања кои даваат насоки за менување и подобрување на третманските можности.

Медицина

Д-р Катерина Василева Димовска
Специјалист по педијатрија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20775 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.