Ана Ивановиќ ужива во омилените активности додека гласините дека се разведува од Бастијан Швајнштајгер стануваат сè погласни и погласни.
37-годишната поранешна тенисерка сподели фотографии на Instagram на кои игра тенис и се релаксира на прекрасни песочни плажи. На нив, таа не носи венчален прстен, што многумина го протолкуваа како индиректна потврда на гласините.












Во изминатите недели, се појавија бројни шпекулации за можен развод помеѓу Ивановиќ и Швајнштајгер. Според германскиот магазин Bunte, двојката наводно се разделила пред повеќе од два месеци и не живее повеќе заедно.
Ана и Бастијан стапија во брак во 2016 година и заедно имаат три деца – Лука, Леон и Тео.
Српските и германските медиуми деновиве известуваат дека Швајнштајгер често е гледан во друштво на германската ТВ водителка Естер Седлачек, која неодамна објави дека е бремена. Оваа информација дополнително ги поттикна гласините за брачна криза.
И покрај овие шпекулации ниту Ана ниту Бастијан официјално не се изјасниле за нивниот брачен статус. ПР менаџерот на Швајнштајгер за германскиот медиум Bild изјавил дека тие нема да коментираат за нивниот приватен живот и побарале простор и разбирање.


