Почетна » Новости » Мода » Детска мода со клик од дома tilla.mk

Детска мода со клик од дома tilla.mk

По 15 години посветена работа, „Тила“ – првиот и единствен македонски бренд
за производство на детска облека, ја лансира својата нова е-продавница tilla.mk

Денес, со гордост и огромна радост сестрите дизајнерки Ви ја претставуваат новата електронска продавница која нуди уникатни парчиња облека создадени со многу љубов и труд, од мајки за мајки.

Тила

Која е нашата дизајнерска филозофија

Безвременска детска облека, пренесена од дете на дете.

Она што нè издвојува од другите покрај фактот дека сме единствен македонски бренд за детска горна облека, е нашиот добро познат памучен програм од 0м. до 13г. кој се истакнува со трајност и квалитет.

Тила

Зошто Тила е повеќе од облека?

Затоа што секое парче носи приказна.
Приказна за мајка која ја сака удобноста на своето дете.
За баба која сака да подари нешто што трае.
За тетка која се радува на роденден на своето внуче. За секој дом каде има дете.

Tilla е бренд што расте заедно со вашите деца.
Облека што не се носи само една сезона – туку се пренесува од дете на дете.

Дизајнираме со љубов кон децата, се стремиме за квалитетно и безбедно производство
и за верба дека и кај нас може да се создава светски производ.

Нашите модели се безвременски богатства со внимателно избрани материјали кои имаат помалку влијание на нашата планета за разлика од брендовите со масовно производство.

Со долгогодишно искуство во дизајнерството и сопствено производство,
Tilla нуди широк спектар на трендовски и удобни опции за облека за бебиња и деца од 1м. до 13г.

Нашата колекција е дизајнирана и произведена во Македонија, со користење на природни и сертифицирани материјали. Удобноста, безбедноста и современиот дизајн се основа на секое парче.

Тила Тила Тила Тила

Зошто мајките ја избираат Tilla?

Затоа што нудиме сигурност, безбедност и стил за Вашето дете.

Затоа што нудиме гаранција на квалитет, тестирани производи што не се менуваат по перење.

Креираме функционален, модерен и естетски дизајн

Затоа што сме Производство во Македонија под надзор на професионален тим експерти и мајки.

Тила

СПЕЦИЈАЛНО ЗА FEMINA ЧИТАТЕЛКИ:

Искористете 10% попуст на целата колекција со код: FEMINA10

Нова е-продавница – модерно, лесно и достапно за сите

На tilla.mk родителите можат лесно да пребаруваат по возраст, пол, сезона или специјални колекции. Вграден е систем за брза и безбедна нарачка, со можност за плаќање со картичка или при достава.

Купувањето е едноставно и брзо, а вашата нарачка ви стига до домашна адреса.
Плаќањето е 100% безбедно – со 2 опции за плаќање: со картичка или при достава.

Тила

Порака до секој родител:

Избирајќи Тила, вие не купувате само облека – вие вложувате во иднината.
Поддржувате македонско производство, локална економија и тим од жени и мајки кои создаваат со љубов.
Да купуваме паметно, локално и со срце.

Посетете ја tilla.mk и бидете дел од ново онлајн доживување кое носи топлина во секој дом. Користете код: FEMINA10 и добијте 10% попуст.

Тила Тила Тила Тила Тила

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.