Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во срцето на Париз.
60-годишниот музичар сними видео за Architectural Digest во кое нè води низ неговата резиденција, позната како „Hôtel de Roxie“. Куќата е именувана во чест на неговата мајка, актерката Рокси Рокер, која сонувала да живее во Париз, но никогаш не го остварила тој сон.
„Ова место е именувано по мојата мајка, бидејќи нејзин сон беше да дојде да живее во Париз по пензионирањето, но тоа никогаш не се случи. Ова го правам за двајцата... Мајка ми беше љубовта на мојот живот. Јас бев мајкин син“ – вели Кравиц.




Лени го реализирал нејзиниот сон, создавајќи простор кој ги спојува музиката, уметноста и семејните вредности.
„Париз е мојот омилен град на целиот свет... Го обожавам Париз и ја обожавам оваа куќа. Кога влегов низ влезната врата, знаев дека сум дома. Ова место беше создадено за да се прави музика во него“ – вели тој во видеото.
Секоја просторија од куќата на Лени раскажува приказна. Погледнете:










