Бени Бланко ѝ приреди на Селена Гомез незаборавно „матурско“ искуство на неговиот роденден.
Бидејќи 32-годишната пејачка никогаш не била на матура, Бени испланира романтична матурска вечер со фотосесија во трговски центар. За 37-миот роденден, Бени изнајми лимузина и ја одведе Селена да се фотографираат, а сега сподели видео од забавниот момент.




„Беше позабавно отколку што некој од нас очекуваше да биде“ – стои во видеото на музичкиот продуцент.
@itsbennyblanco wow
♬ Bluest Flame - Selena Gomez & benny blanco



Бланко и Гомез започнаа да се состануваат во јуни 2023 година. Тие објавија дека се верија во декември минатата година.
