Адријана Лима освои специјална награда на Fashion Los Angeles Awards организирана од модниот медиум Daily Front Row.
Убавата Бразилка го доби признанието за Моден камбек на годината, а на овој настан беше придружувана од дел од нејзиното семејство.
43-годишната манекенка позираше со својата ќерка Валентина, сопругот Андре Лемерс и неговите две деца.
За да биде комплетна семејната фотографија недостасуваа нејзината ќерка Сиена и нивното синче Сајен.










