Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Во кујната со Александра Шијакоска: Готвиме сочни плескавици со сос со црвено вино

Во кујната со Александра Шијакоска: Готвиме сочни плескавици со сос со црвено вино

Обожавате кога мирисот на домашен специјалитет се разлева низ вашиот дом? Го имаме рецептот за оброк кој ќе ги задоволи и најекстремните хедонисти.

Со Александра Шијакоска ја истражуваме убавината на традиционални рецепти зготвени по најбрза постапка и со современ шмек. Па, ви предлагаме сочни плескавици со богат сос со црвено вино и здрави зеленчуци. Да започнеме:

Александра Шијакоска

Состојки

За плескавиците

1 ќесичкаFant за ќофтиња
150 гр тиквички
500 гр мешано мелено месо
¼ лажичка сушена мајчина душичка
300 гр моркови
500 гр зелени зеленчуци
2 лажички маслиново масло
сол

За сосот

150 мл црвено вино
150 мл балсамико оцет
3 лажички шеќер
2 чешниња лук

Подготовка

1

Ги рендаме тиквичките, ги посолуваме и ги цедиме од вишокот течност.

Плескавици
2

Содржината од ќесичката Fant ја ставаме да отстои неколку минути во 150 мл млака вода вода и ја мешаме со меленото месо, мајчината душичка и тиквичките. Оформуваме 4 плескавици.

Плескавици
3

Во солена вода ги вариме зеленчуците додека да омекнат. Во меѓувреме, во тавче го ставаме виното, балсамикото, шеќерот и ситно ренданиот лук. Готвиме додека сосот не се намали на половина.

Плескавици
4

Плескавиците ги пржиме да добијат златно-кафеава нијанса, ги сервираме со зеленчуците и ги преливаме со сосот.

Плескавици Плескавици

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.