Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Супер слатки „распукани“ зимски колачиња

Супер слатки „распукани“ зимски колачиња

Кој би им одолеал на чоколадни колачиња со интригантна површина? Идеално меки и сочни во средината, со минимално крцкава кора и со вкус кој нема да ви дозволи да запрете на само едно колаче.

„Распуканите“ колачиња се асоцираат со зимата и снегот, а совршено се комбинираат со топло кафе или чај.

„Распукани“ колачиња

Состојки

120 гркакао Витаминка
450 гр шеќер
120 мл масло Брилијант
4 јајца
2 лажички екстракт од ванила
290 гр брашно
2 лажичкипрашок за печиво
½ лажичка сол
50 гршеќер во прав Витаминка

Подготовка

1

Загрејте ја рерната на 180°С.

2

Во длабок сад измешајте го пресеаното какао, шеќерот, маслото, јајцата и екстрактот од ванила. Со маталка мешајте додека да добиете хомогена смеса.

3

Во друг сад ставете ги брашното, прашокот за печиво и солта. Лесно промешајте, а потоа постепено додавајте ги во првиот сад. Добиената смеса покријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер 1 час.

4

Со мала лажичка издвојувајте од смесата и со дланките оформувајте мали топчиња. Во шеќерот во прав детално протркалајте го секое топче.

„Распукани“ колачиња
5

Наредете ги топчињата на плех обложен со хартија за печење. Оставете простор помеѓу топчињата, бидејќи тестото ќе се „растопи“ во форма на колачи.

6

Печете 10 до 12 минути.

„Распукани“ колачиња „Распукани“ колачиња „Распукани“ колачиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.