Љубовта струи низ воздухот и отчукуваат часовите до празникот на вљубените. А секоја романтична вечера по повод Св. Валентин е нецелосна без десерт. Црвените „кадифени“ колачиња облеани во растопено бело чоколадо се совршен финиш на вечера на свеќи, но би оставиле силен впечаток и во рамките на друго кулинарско доживување.
Без многу труд, до силен резултат. А еве како тече подготовката од почеток до крај:


Состојки
355 гр | брашно |
340 гр | шеќер |
3 големи лажици | какао Витаминка |
1 мала лажичка | цимет Витаминка |
1½ мала лажичка | прашок за пециво Витаминка |
1 мала лажичка | сол |
2 | јајца |
340 мл | масло Брилијант |
250 мл | млеко |
2 големи лажици | сок од лимон |
црвена прехранбена боја | |
2 лажички | екстракт од ванила |
225 гр | крем сирење |
500 гр | бело чоколадо за торти и колачи Синтагма |
Подготовка
Во млекото додајте го сокот од лимон и оставете го да отстои околу половина час пред да го искористите за готвење.
Загрејте ја рерната на 180°С.
Во длабок сад пресејте ги брашното и какаото и додајте ги шеќерот, циметот, прашокот за пециво и солта.
Во друг сад ставете ги маслото, јајцата, екстрактот од ванила и подготвеното млеко со лимон. Измешајте со виљушка и постепено додавајте прехранбена боја додека да ја добиете посакуваната нијанса. Ние искористивме 5 гр прехранбена боја во прав. За крај, додајте ја сувата мешавина од првиот сад и мешајте со виљушка додека брашното да „исчезне“.
Печете во тава премачкана со путер околу 35 минути. Дали тестото е печено можете да проверите со чепкалка за заби. Прободете го во центарот и ако чепкалката излезе чиста, можете да сте сигурни дека е готово. Извадете го од рерната и оставете го да олади.
Испечениот црвен пандишпан издробете го на ситни парчиња. Додајте го крем сирењето и добро измешајте. Со помош на дланките оформете топчиња или со модла направете срциња. Добиените колачи ставете ги во фрижидер за замрзнување околу 15 минути.


Растопете го белото чоколадо на пареа. Погрижете се секој колач да е прекриен со чоколадо, а потоа украсете го со трошки од црвената смеса. Чувајте ги колачите во фрижидер пред да ги послужите.
