Кога сакате да се разгалите со слатка фантазија, ви препорачуваме коцки со кокосова основа со разиграна текстура, кремаст слој од чоколаден пудинг и исклучително фина прекривка од шлаг.
Овој десерт е примамлив доказ дека чоколадото и кокосот се хармонична комбинација за бескомпромисно уживање.

Состојки за кокосовата кора
300 гр | кокос Витаминка |
10 белки | од јајца |
4 лажици | брашно |
10 лажици | шеќер |
½ | прашок за пециво Витаминка |
Подготовка на кокосовата кора
- Загрејте ја рерната на 180°C.
- Ставете ги белките во длабок сад и убаво изматете ги со миксер. Постепено додавајте 10 лажици шеќер додека непрекинато матите.
- Во друг сад, измешајте ги брашното, кокосот и пецивото, а потоа додајте ги во смесата со белките и изматете.
- Печете ја смесата во плех околу 15 минути на 180°C.

Состојки за чоколадниот фил
2 | пудинзи од чоколадо Витаминка |
13 лажици | шеќер |
10 лажици | нишесте |
1 литар и 400 мл | млеко |
1 коцка | маргарин (250 гр) |
500 мл | слатка павлака за готвење |
Подготовка на чоколадниот фил
- Во 200 мл ладно млеко ставете ги пудинзите, 6 лажици шеќер и 10 лажици нишесте. Добро промешајте.
- Остатокот од млекото ставете го на оган. Откако ќе зоврие, додајте ги останатите 7 лажици шеќер и коцката маргарин. Мешајте додека се растопи. Тргнете го на страна, а потоа додајте ја смесата со пудинзите. Мешајќи вратете го тенџерето на оган околу десетина секунди, а потоа тргнете го и оставете го да се олади. Повремено мешајте за да избегнете создавање на грутчиња.
- Во длабок сад изматете ја слатката павлака со миксер.
- За да го составите десертот, врз потпечената кора од кокос, прво нанесете го пудингот, а потоа изматената павлака.
- Исечете на коцки и декорирајте со рендано или исецкано чоколадо.

