Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Посни плескавици од компир

Посни плескавици од компир

Доколку барате вкусен рецепт за последните денови од велигденските пости, ви препорачуваме да приготвите едноставни зачинети плескавици од компири.

Состојки

6компири со средна големина
1 главицакромид
200 грбрашно
90 млмасло
1 пакетчепрашок за пециво
3 лажичкиоригано
2 лажичкисол
2 лажичкицрн пипер
30-60 млвода

Подготовка

  1. Излупете ги компирите и исечени на парчиња ставете ги во длабок сад да се варат. Откако ќе се сварат, испасирајте ги и оставете ги настрана.
  2. Во друг сад ситно изрендајте ја главицата кромид.
  3. Изренданиот кромид ставете го во садот со веќе пасираните компири и мешајте. Постепено додавајте од водата и маслото.
  4. Додајте ги сите останати наведени состојки и добро промешајте ја добиената смеса. Доколку сметате дека е потребно, изматете со миксер.
  5. Обликувајте тенки плескавици од смесата и ставајте ги на плех, претходно обложен со хартија за печење.
  6. Печете 30-40 минути во загреана рерна на 180°С, односно додека да поруменат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.