Шведските ќофтиња на Ikea се обожавани од милиони луѓе од целиот свет. Додека рестораните и салоните на познатиот бренд за мебел се затворени и во многу земји е воведен карантин, од Ikea решија да го објават рецептот за прославените месни топчиња прилагоден за подготовка во домашни услови.

„Седењето дома може да биде тешко, но ние сакаме да помогнеме животите на сите да бидат полесни и поисполнети со задоволство. Bon appétit или smaklig måltid, како што велиме во Шведска“ – вели Лорена Лоуридо, фуд менаџер во Ikea.
Рецептот е споделен во Ikea-стил со сликовити инструкции.

Состојки за ќофтињата
500 гр | говедско мелено месо |
250 гр | свинско мелено месо |
1 главица | ситно исецкан кромид |
1 чешне | лук (исецкан или толчен) |
100 гр | лебни трошки |
5 лажици | млеко |
1 | јајце |
сол | |
црн бибер |
Подготовка на ќофтињата
- Измешајте ги двата типа месо и додајте ги кромидот, лукот, лебните трошки и јајцето. Добро промешајте, па додајте го млекото и зачинете со сол и црн бибер.
- Со дланките обликувајте мали топчиња, наредете ги во рамна чинија и оставете ги во фрижидер околу 2 часа, за подобро да си ја здржат формата во готвењето.
- Ставете тавче на средна температура и во него загрејте масло. Ставете ги ќофтињата да се пржат додека не добијат кафеава боја од сите страни.
- Испржените ќофтиња наредете ги во тавче, прекријте ги со алуминиумска фолија и ставете ги да се готват уште 30 минути во рерна на 180°С.
Состојки за сосот
масло за готвење | |
40 гр | путер |
40 гр | брашно |
150 мл | супа од коцка со зеленчук |
150 мл | супа од говедска коцка |
150 мл | павлака за готвење (48% масленост) |
2 мали лажици | сос од соја |
1 мала лажица | сенф дижон |
Подготовка на сосот
- Растопете го путерот во тавче. Додајте го брашното додека мешате. Гответе 2 минути без да го прекинувате мешањето.
- Налејте ги зеленчуковата и говедската супа и продолжете да мешате. Додајте ја густата павлака, сосот од соја и сенфот.
- Зовријте ги состојките. Продолжете да мешате за сосот да се згусти.
Сервирајте со омилените компири – кремасто пире или варени млади компири.

