Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Пилешко во слатко-кисел сос

Пилешко во слатко-кисел сос

Експериментирањето во кујната носи посебни доживувања и многу забава. Одвреме-навреме заборавете на традиционалните јадења и испробајте нов микс на вкусови.

Ви недостига идеја? Еве како да направите пилешко во слатко-кисел сос:

Пилешко во слатко-кисел сос

Состојки за месото

400 грамапилешко бело месо (филе)
4 големи лажицибрашно
4 големи лажиципченкарно нишесте
½ мала лажицапециво
100 милилитривода
масло

Подготовка на месото

  1. Во длабок сад се мешаат брашното, нишестето, пецивото и водата – до изедначување на смесата. Добиената смеса треба да биде за нијанса погуста од смеса за палачинки.
  2. Пилешкото месо се сецка на коцки и се додава во смесата од брашно.
  3. Месото се пржи во загреано масло на висока температура. Испржените коцки месо се ставаат во чинија обложена со кујнска хартија.
Пилешко месо

Состојки за сосот

2 големи лажиципченкарно нишесте
½ шолјавода
1 шолјашеќер
½ шолјакечап
1 конзерваананас (227 гр. со течност, т.е. 136 гр. нето)
1 главицакромид
200 грамапиперки (по можност во различни бои)

Подготовка на сосот

Сецкани состојки
  1. Во тавче налејте го сокот од конзервата со ананас и додајте ги шеќерот и кечапот. Ставете го тавчето на средна температура и оставете ги состојките да се соединат (2-3 минути).
  2. Во мал сад измешајте ги водата и нишестето. Откако ќе се раствори нишестето, додајте го во тавчето со сокот од ананас. Измешајте и откако ќе се згусни, тргнете го слатко-киселиот сос настрана.
  3. Се сецкаат кромидот, пиперките и ананасот. Се запржува кромидот, па се додаваат сецканите пиперка, а по 5 минути и ананасот. Се пржи сè заедно уште 5-6 минути. Сецкани состојки
  4. Се додава слатко-киселиот сос, а по 5 минути и пилешкото месо. Се остава да прокрчка.

Пилешкото во слатко-кисел сос можете да го послужите врз басмати ориз (300 грама). При подготовката на оризот, соодносот вода-ориз треба да биде 2:1. Оризот е готов кога водата целосно ќе испари.

Рецептот е на форумџиката @do-re-mi, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Слатко-солено јадење“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.