Пиперките се задолжителен елемент од македонската кујна. За време на летните горештини, можете да ги искористите за лесна закуска со сирење.

Состојки
пиперки во различни бои | |
тврдо сирење | |
маслинки | |
масло | |
оцет | |
лук | |
магдонос |
Подготовка
- Испечете ги пиперките. Излупете ги, а потоа исечете ги на ленти.
- Сирењето исечете го на коцки. Пожелно е да изберете тврдо сирење кое не се распаѓа лесно.
- Коцките сирење замотајте ги во ленти пиперки. Прободете ги со чепкалка за заби и одгоре ставете маслинка.
- Посипете ги пиперките со дресинг (мешавина од масло, оцет, лук и магдонос).
Рецептот е на форумџиката @Babushka, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Пиперки“.