Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Еклери со крем карамел

Еклери со крем карамел

Еклери

Состојки за еклерите

½ шолја млеко
½ шолја вода
6 лажиципутер
1 лажицашеќер
1 шолјабрашно
5жолчки
малкусол

Подготовка на еклерите

  1. На средна температура загрејте ги млекото, водата, путерот, шеќерот и солта. Штом путерот се растопи, додајте го брашното и мешајте да се соедини смесата. Тргнете ја смесата од оган.
  2. Разбијте ја смесата со миксер. Додавајте ги жолчките една по една додека миксирате.
  3. Премачкајте плех за печење со масло. Со помош на шприц ставајте од смесата на „купчиња“.
  4. Печете 10-15 минути на 220-250°C, а потоа намалете ја температурата на 170-200°C и продолжете да печете уште околу 20 минути. Извадете ги од рерната и пресечете ги внимателно.

Состојки за крем карамел

1 шолјашеќер
¼ шолјавода
2 шолјимлеко
⅓ шолјагустин
4жолчки
1 лажицапутер
ванилин шеќер

Подготовка на крем карамел

  1. Во тенџере ставете ги водата и шеќерот да зовријат на средна температура (околу 10 минути). Течноста треба да добие румена боја. Тргнете ја настрана, додајте го млекото и повторно вратете ја на оган за да зоврие.
  2. Во одделен сад измешајте 4 лажици шеќер со густинот и додајте ги жолчките. Миксирајте за да се соединат. Во него додавајте малку од шербетот и миксирајте. Таа смеса налејте ја во тенџерето со шербетот.
  3. Вратете го тенџерето на оган уште 3-4 минути и додајте го путерот и ванилата. Штом е готово, оставете го да се излади. Покријте го со капак и ставете го во фрижидер.
  4. Во секој од еклерите ставете од кремот, а по желба и лешници. Еклерите можете да ги премачкате со путер чоколадо растопено во малку млеко. Исто така, можете да направите шлаг од преостанатите белки + ванилин шеќер. За декорација можете да искористите лешници и рендано чоколадо.
Еклери

Рецептот е на форумџиката @zhap4e, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Еклери“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.