Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Крокети од риба

Крокети од риба

Барате идеја за лесен летен ручек кој заситува? Пригответе за вашите најблиски крокети од риба.

Крокети од риба

Состојки

За крокетите

4компири
4филети од риба, без коски (риба по избор, пожелно е да е морска)
1јајце
магдонос
1 лажицакапари
1 лажицапавлака
½ лажичкагустин
лимон
презла
сол
бибер

За панирање

1јајце
презла

Подготовка на крокетите

  1. Компирите исечкајте ги на коцки и ставете ги да се варат. Околу 10-15 минути пред крајот, во нив додајте ги филетите риба и продолжете да ги варите заедно. Кога ќе бидат готови, тргнете ги од оган и исцедете ги.
  2. Испасирајте ги компирите и рибата и оставете ги да се ладат. Кога нема да се жешки, во нив додајте ги останатите намирници (јајце, сечкан магдонос, сечкан капари, павлака, сок од лимон или изрендана кора од лимон, густин, презла по потреба). Измешајте. Ако смесата е многу течна, се додава презла, а доколку е сува, можете да додадете јајце. Зачинете по вкус.
  3. Оставете ја смесата во фрижидер околу 1 час (најдобро е да отстои цела ноќ).
  4. Формирајте ги крокетите и тркалајте ги во јајце и презла пред да ги ставите да се пржат во загреано масло. Излегуваат отприлика 20-25 парчиња.
  5. Откако ќе ги извадите од маслото, поставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.

Крокетите се сервирани со бел сос.

Состојки за сосот

3-4кисели краставички
1варено јајце
2 лажиципавлака
1 лажицамајонез
магдонос
копар
сок од лимон
бибер
сол

Подготовка на сосот

  1. Краставичките и јајцето исечкајте ги на мали коцки.
  2. Додајте ги останатите состојки и добро промешајте. Зачинете по вкус.

Рецептот е на форумџиката @Babushka, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Риби“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.