Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Највкусниот десерт без печење: Нутела чизкејк

Највкусниот десерт без печење: Нутела чизкејк

Чизкејк + Нутела = сладок, кремаст деликатес кој ќе го правите повторно, и повторно, и повторно.

Нутела чизкејк

Состојки за тестото

250 грамабисквити
75 грамапутер
15-20 грамасецкани лешници
2-3американски бисквити со парчиња чоколадо (по желба)
изрендана кора од четвртина портокал

Подготовка на тестото

  1. Сите состојки се ставаат во блендер/процесор и се мешаат додека да се добие „песокливо" тесто. Ако немате блендер, бисквитите се мелат или се дробат ситно, се додава растопениот путер и останатите состојки и се меша со миксер.
  2. Смесата убаво се натапкува во тава (со раце или лажица). Најпожелно е да користи тава со прстен кој се вади. Добиеното тесто се става во фрижидер или замрзнувач да се стегне.

Состојки за филот

400 грамаНутела
250 грамакрем сирење
250 грамамаскарпоне
сок од четвртина портокал (без пулпа)
50-100 грамасечкани потпечени лешници (за декорација)

Подготовка на филот

  1. Се матат крем сирењето со маскарпонето. Потоа се додава Нутелата и сокот од портокал.
  2. Изматената смеса се истура врз изладеното тесто. Врз филот се наросуваат исечканите лешници.
  3. Чизкејкот се остава 4-5 часа да се лади во фрижидер. Се сервира ладен.
Нутела чизкејк

Рецептот е на форумџиката @Babushka, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Чизкејк“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.