Разладувачките сладоледи се задолжителни кога температурите го достигнуваат својот максимум.
Еве како на едноставен начин да приготвите домашен овошен сладолед:
Состојки
2 кесички | шлаг пена |
200 мл | млеко |
1 чаша | павлака или кисело млеко |
1 чаша | шеќер |
1 чаша | малинки |
чоколадо и трошки за декорација |
Подготовка
- Изматете ги млекото и шлаг пената.
- Во блендер измешајте ги павлаката, шеќерот и малинките, а потоа смесата соединете ја со изматениот шлаг.
- Ставете го сладоледот да се замрзни.
- Рабовите на корнетите брцнете ги во растопено чоколадо и шарени декоративни трошки.
Рецептот е на форумџиката @Dgirlll, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Домашен сладолед“.