Списанието People оваа година му ја додели титулата „најсекси маж на светот“ на холивудската ѕвезда Џони Деп. Сега Деп може со гордост да каже дека е дел од малиот клуб на двократни освојувачи на оваа титула, во кој членуваат само Бред Пит и Џорџ Клуни.
Ѕвездата на филмскиот хит „Пиратите од Карибите“, кој веќе ја имаше оваа титула во 2003г., излезе пред силните конкуренти Бредли Купер, Дејвид Бекам, Роберт Патинсон, Роберт Дауни Џуниор, Рајан Рејнолдс и Џејк Гиленхал.
Славниот актер неодамна изјави дека не може да поднесе да ги гледа филмовите во кои учествува. „Единствено жалам што имам гледано неколку мои филмови“ - призна Деп.
Победата на Деп може да се смета како изненадување, затоа што најчесто класацијата се оглавува од актуелни личности кои постојано се во центарот на вниманието за тековната година со премиери или тури, а Џони Деп ја помина 2009г. настрана од црвениот тепих.
Погледнете слики со шармантниот Деп и оценете дали тој навистина ја заслужува титулата најсекси маж.