Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џоли: Сè уште сум лоша девојка, но таа страна од мене му припаѓа на Бред

Џоли: Сè уште сум лоша девојка, но таа страна од мене му припаѓа на Бред

Анџелина Џоли имаше бурна младост и многу од нејзините откачени моменти се одвиваа пред очите на јавноста. Во интервју за емисијата „60 Minutes“ самата таа признава дека има мрачно минато и дека е среќна што денес е жива.

„Поминав низ тешки, мрачни времиња и ги преживеав. Не умрев млада, па многу сум среќна. Има други артисти и луѓе кои не преживеаја одредени работи“ – изјавила таа.

Анџелина Џоли

Кога водителот побарал од неа да дефинира кои се тие мрачни периоди, Џоли одбила да посочи детали велејќи: „Мислам дека луѓето можат да си претпостават дека го правев најопасното и најлошото и поради многу причини јас денес не требаше да сум тука. Многупати бев премногу блиску до многу опасни нешта, премногу преземени ризици.“

36-годишната актерка признала дека сè уште е дива и авантуристка, но само Бред Пит има можност да го види тоа. „Сè уште сум лоша девојка. Сè уште ја имам таа моја страна... Само сега е на свое место... Му припаѓа на Бред. Или... на нашите авантури“ – дополнила таа.

Во минатото Џоли многупати ги полнеше насловните страни со скандали, како на пример моментите кога го бакнуваше својот брат во устата, кавгите со нејзиниот татко или носењето на крв од нејзиниот поранешен сопруг Били Боб Тортон во шишенце на вратот.

Анџелина Џоли и нејзиниот братАнџелина Џоли и нејзиниот брат

Во емисијата, екипата на „60 Minutes“ покажува дел од нивната посета на снимањето на филмот на Анџелина Џоли во Будимпешта.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.