Џо Џонас и Софи Тарнер најверојатно се пред развод по 4 години брачен живот и две заеднички деца.

Од TMZ први ја објавија веста дека 34-годишниот пејач ангажирал адвокат за развод од ѕвездата од „Game of Thrones“ откако беше фотографиран без бурма.


Според нивните информации, парот имал сериозни проблеми најмалку шест месеци. Во изминатите три месеци, Џо речиси постојано се грижел за нивните две мали ќеркички и покрај тоа што е на турнеја во САД со The Jonas Brothers.
Парот сè уште ја нема потврдено веста за разводот.
Џо и Софи започнаа да се состануваат во 2016 година, а стапија во брак во 2019 година. Нивното прво дете се роди во 2020, а второто во 2022 година.





