Софи Тарнер и Џо Џонас станаа родители во јули годинава, а деновиве за првпат беа фотографирани во јавност со бебенцето.
24-годишната ѕвезда од „Game of Thrones“ изгледаше одлично во комбинација со хеланки додека чекореше покрај 31-годишниот пејач. Тие ја возеа нивната двомесечна ќерка во количка.




Џо ја обои косата во розова боја во чест на Месецот за подигнување на свеста за ракот на дојка, кој започнува на 1 октомври и завршува на 31 октомври.






Софи и Џо стапија во брак во мај 2019 година.

