Софи Тарнер и Џо Џонас постојано се мета на папараците. До неодамна, бремената актерка успешно го прикриваше трудничкото стомаче со широки маици и дуксери.
Сега, 24-годишната ѕвезда од „Game of Thrones“ одлучи да го истакне стомачето со хеланки и кратка маичка, кои ги комбинираше со сако од Живанши. Таа беше фотографирана со својот 30-годишен сопруг на прошетка во Лос Анџелес. Парот постојано носи заштитни маски кога е надвор од дома.










Софи и Џо стапија во брак во мај минатата година. Иако долго се шпекулираше за нејзината бременост, тие никогаш не ја потврдија веста за истата.

