Софи Тарнер се породи. Славната актерка го доби првото дете со Џо Џонас, а среќната вест ја потврди нивен претставник за јавноста.
Иако парот не го сподели полот и името на новороденчето, TMZ стигна до информација дека станува збор за девојче кое го добило името Вила.

Наводно, ѕвездата од „Game of Thrones“ се породила на средината на минатата седмица.
Непосредно пред да станат родители, 24-годишната актерка и 30-годишниот пејач беа фотографирани на лежерни прошетки.








Популарната двојка стапи во брак во мај минатата година.
