Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ присуствуваа на свадбена прослава во Белград и споделија фотографии на социјалните мрежи.
На нив, 39-годишниот српски пејач и неговата избраничка изгледаат модерно и гламурозно. Атрактивната Србинка заведуваше во бордо креација со длабоко деколте и шлиц, додека Никола позираше во сив костум со широка насмевка.




Минатата година, Роквиќ помина 1.060 километри пешки од Белград до Егина за хумана цел. Сите собрани средства тој ги донираше за детска онкологија.

