Почетна » Новости » Животни стории » Вистинска инспирација: Тамара Мисирлиќ има само 22 години, а им има помогнато на 240 семејства

Вистинска инспирација: Тамара Мисирлиќ има само 22 години, а им има помогнато на 240 семејства

Сметате дека една личност не може да промени ништо во светот?

Запознајте ја инспиративната Тамара Мисирлиќ, која секојдневно менува животи, правејќи го светот подобро место за живеење.

Тамара Мисирлиќ

На само 22 години, убавата Србинка може да се пофали со успешна спортска кариера во карате, но и со восхитувачка хуманитарна работа. Досега, Тамара им има помогнато на 240 семејства со градење на нови куќи за нив.

Таа е основач на Фондацијата „Тамара Мисирлиќ“ и е добитничка на многу награди за својата хуманост.

Мисирлиќ е родена во 2002 година со по шест прсти на рацете и на нозете и поради тоа многу била исмевана додека растела. Неодамна, таа сподели фотографија на која е во инвалидска количка по операцијата за отстранување на прстите на нозете. На рацете, прстите ѝ биле отстранети многу порано.

Тамара Мисирлиќ

„Имав многу тешко детство. Не можев да носам чевли, морав да носам папучи и сите можеа да го видат тој деформитет. Децата ме исмеваа, возрасните гледаа во моите прсти. Ме викаа со различни имиња како ‘шестопрстец’, ‘вонземјанин’... Каде и да се појавев, сите ме гледаа чудно или ме озборуваа“ – објаснила таа за Telegraf.rs пред неколку години.

Тамара Мисирлиќ

По споделувањето на фотографијата за емисијата „Jedan dan“, таа рекла:

„Ова е моментот кога имав 11-12 години и реков: ‘Тоа е тоа. Не можам да издржам повеќе’. Се занимавав со спорт, тоа беше видливо, тоа беше болно. Носев папучи, децата ме исмејуваа, бев отфрлена, ме викаа со погрдни имиња. Болеше и по таа операција, станав уште потивка девојка, заробена во тој некој свој бол“.

„Кога имав 16 години, видов една приказна за девојче кое живееше во разрушена куќа со мајка си на планина без ништо и само станав и им реков на родителите: ‘Одиме, сакам да ѝ помогнам’. Јас ќе ѝ ја дадам мојата школска и спортска стипендија само одведете ме кај неа. Моите родители не можеа да веруваат дека по толку години, одеднаш, преку ноќ, гледаат храбра и одлучна девојка.“

Тамара Мисирлиќ Тамара Мисирлиќ Тамара Мисирлиќ Тамара Мисирлиќ

За овој момент, Тамара зборуваше и во подкастот „Равенка за успех“ со Маја Поцевска.

„Во моментот кога го видов девојчето, веднаш почувствував дека тоа е мојот пат, јас го сакам ова, тоа сум јас. Собрав луѓе и започнавме да правиме неверојатни работи.“

„Првата куќа ја изградив со 16-17 години. Во прашање беше еден дедо. Живееше во разрушена куќа, немаше покрив на главата и гледаше од собата во небото. Му реков дека јас ќе му изградам куќа, но тој не ми веруваше. Бев само дете... Тогаш јас ангажирав луѓе, татко ми многу ми помогна, беше постојано со мајсторите, се одреков од сè само за да успееме и по 6 месеци дедото ја доби куќата. И ден-денес е таму, го посетив пред месец дена“ – рекла таа.

Тамара Мисирлиќ

Градењето куќи за сиромашни лица не е единствена хумана мисија на Тамара. Таа досега има изградено и пет бунари во Уганда, давајќи им достап до чиста вода на многу луѓе кои живеат таму.

„Понесовме голем ризик со себе, но ништо од тоа не ни беше важно. Кога застанавме помеѓу тие деца, започнаа да нè гушкаат и да нè бакнуваат, затоа што знаеја за што сме дошле. Ние ним им донесовме вода. Водата е извор на животот. Не можам да ви го опишам моментот кога водата дојде во бунарот. Тоа беше толку голема среќа, радост... Скокаа, се смееја, се прскаа, бидејќи тие одеа 5 километри за да дојдат до вода и тоа беше нечиста речна вода“ – ѝ раскажала таа на Маја.

Тамара е вистинска инспирација и на социјалните мрежи и во реалниот живот. Таа не само што гради и им помага на оние кои имаат најголема потреба од помош, туку и редовно одржува контакти со нив и е присутна во нивните животи.

„Јас направив неверојатни работи за толку малку години. Но, само ќе речам, слушајте го вашето срце и сè е можно“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25218 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.