Софи Тарнер и Џо Џонас беа меѓу славните парови кои присуствуваа на забавата на Vanity Fair организирана по повод доделувањето на Оскарите.
На синиот тепих, 26-годишната актерка, која го очекува второто дете, блескаше во црвена креација и накит од Луј Витон. И 32-годишниот пејач избра облека од француската модна куќа и ја надополни со накит од Tiffany & Co.










Софи и Џо започнаа да се состануваат во 2016 година, а стапија во брак на 1 мај 2019 година. Нивната ќерка Вила се роди во јули 2020 година.






