Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ќе те сакам секогаш“: Џон Траволта емотивен на денот на роденденот на синот кој почина на 16 години

„Ќе те сакам секогаш“: Џон Траволта емотивен на денот на роденденот на синот кој почина на 16 години

Џон Траволта секогаш ќе тагува по својот прерано починат син. 71-годишниот актер објави емотивна порака и фотографија на денот на роденденот на покојниот Џет, кој доколку беше жив сега ќе наполнеше 33 години.

„Среќен роденден Џет – Многу ми недостигаш! Ќе те сакам секогаш!“ – стои во неговата објава.

Траволта

Џет е најстариот син на Џон и Кели Престон, која ја изгуби битката со рак на дојка во јули 2020 година.

Џет почина на 16-годишна возраст, во јануари 2009 година, додека беше на одмор со семејството на Бахами. Тој си ја удри главата по пад во када причинет од епилептичен напад. Пред неговата смрт, славниот пар не споделуваше со светот дека тој е во аутистичниот спектар.

Холивудскиот актер секоја година на 13 април споделува фотографии со Џет.

Траволта Траволта Траволта Траволта

Џон и Кели заедно имаат уште две деца - ќерката Ела и синот Бенџамин.

Траволта Траволта Траволта Траволта

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24870 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.